Трагачи по парадокси со промоција во Скопје

Штип, 07.02.2019

Неуморниот Миле Ѓорѓијоски продолжува да го доближува афоризмот до народот. Ѓорѓијоски како промотор во сабота, на 9 овој месец, во 13 часот, во Големата сала на Домот на градежните работници во Скопје ќе го промовира алманахот „Трагачи по парадокси“. Рецензенти на изданието се Александар Чотриќ и Васил Толевски.

Во „Трагачи по парадокси“ се поместени 2.000 афоризми од 28 истакнати автори од десет европски држави. На страниците на ова раскошно афористичко издание можат да се прочитат афоризмите и од петмина македонски афористичари: Миле Ѓорѓијоски, Љупчо Сиљановски, Иван Карадак, Васил Толески и Витомир Долински.

Трагачи по парадокси досега имаше промоции во Виница, Пехчево, Белград, Темишвар,  а во сабота на ред е и промоцијата во Скопје.

Заедно со промоцијата посетителите ќе можат да ги видат и карикатурите од фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас – 2018“.