Три прволигаши под патрон на Универзитетот

809

УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“  ГО СПАСУВА СПОРТОТ ВО ШТИП

Штипскиот спорт  е на  колена.  Во овој мандатен период, само лоши резултати, со чесни исклучоци. „Исчезнаа“  многу  екипи.  Сега Штип има четири екипи  кои се натпреваруваат во елитните лиги.  Од нив,само ФК Брегалница го финансира  локалната самоуправа. Другите три ги спонзорира Државниот универзитет Гоце Делчев. Тоа се двете одбојкарски екипи во машка и женска конкуренција и пингпонгарите  на Студент.

„Имаме добри услови за  работа. Тоа ни го овозможува Универитетот во Штип. Постигнуваме и добри резултати. Врувам дека годинава ќе  разигруваме и за титулата во  женска конкуренција…“- ни рече Трајче Тасевски, кој со својот  брат Благој ја води  женската  одбојкарска екипа. Лани ,младите одбојкарки на Студент беа најдобри во Македонија.

Во минатото првенство и пингпонгарите на Студент ја освоија титулата најдобри во Македонија.

„Сакаме спортот во Штип да го подигнеме на повисоко ниво. Спортските екипи ги помагаме во рамките на можностите- им обезбедуваме  спортска сала, исхрана и превоз. Тоа се аматерски екипи, но сметам дека и тоа е   доволно. И во иднина ќе ги помагаме спортските екипи, од  нашиот Универзитет ќе ги бараме идните спортски асови. Тоа е и наша цел…“- вели проректорот за настава Кирил Барбареев.