Трпение, господа, господа владици – ТРПЕНИЕ!

Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Не сум експерт, по црковни прашања, драги мои, од ковот на колегата Бранко Ѓорѓески од некогашен “Дневник”, затоа нема да коментирам, ќе се послужам само со некои историски факти и, секако, мисли и искуства на постари и попаметни од мене, верувам и од нашите владици.

На првата информација дека нашите владици со писмото на дедо Стефана, ги “измешале лончињата”, реагирав малку со шега, со неверување. Како во досетката за староста на “јајцето и кокошката”: Црквата на дедо Стефан почна да се “раздава”!?

Црквата не смее да ги следи постапките на државата,односно политиката. На ваков начин само отвора простор, да ја прогласуваат за државна творба. Би сакал да грешам, но, сепак, се плашам дека на ваков начин уште повеќе го заплеткува јазолот!
– Одвоеноста на црквата од државата ги штити еднакво и црквата и државата. Политиката, за разлика од науката, вклучува компромис, уметност на можното. Религијата инсистира на неможното. (Барак Обама во “Смелоста на надежта (“The audacity of hope thoughts on recklaming the amercan dream”). Повеќе на линк ако.мк