Утре вечер, почнува, 34 по ред, Ликовна колонија “Дебрца -2018”

Охрид, 13 јули

– Утре вечер, од 19,30 часот,  во Белчишта, општина Дебрца, свечено ќе биде отворена ликовната колонија “Дебрца – 2018”, една од најстарите и со најбогат фонд уметнички дела, во нашата земја.

Годинешните учесници ќе ги претстави основачот на Колонијата, ликовниот уметник Ѓоко Целески, додека за отворена ќе ја прогласи градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Зад Ликовната колонија “Дебрца”, стојат над 700 дела, мегу нив и платна на  великани од постарата генерација, како  професорот Димче Коцо, потоа Вангел Наумовски, Јоне Симонче, Јордан Манасиевски, Љупчо Стефаноски и други.

На нив се надоврзуваат Мето Георгиевски, Менде Иваноски, , Васко Ташковски,  Сергеј Андреески, Мето Горгиевски, Петар Мазев и многу други.

Годинава, на Колонијата, во Белчишта, Црвена Вода и на други места, ќe создаваат: Од Македонија-Стадим Димитров, Запро Запров,Даниела Димческа, Горан Јованов, Симон Арнаудов, Предраг Јанески.

Од Албанија доага Тасо Констандини, а од Бугарија – Ѓорги Андонов-Жоро, Венера Константинова и Дарина Златарева.

Од 1983 година, Колонијата има своја Галерија, најнапред скромна во старата зграда на поранешната, како овде ја нарекуваат, италијанска касарна, од времето на окупацијата, додека од 2005 година, свој, современ објект со сите услови за галерскo ускладиштување и презентирање.