Фантазија од културен настан во Пробиштип

Пробиштип, 05.03.2019

Фантастичен културен настан се случи денес точно напладне во Пробиштип. Доаѓањето во градот на рударите на познатите афористичари Миле Ѓорѓијоски и Ленче Стојменова и на поетесите Христина Деолска и Виолета Сековска, како и супериорниот настап на младите гитаристки-средношколки од Виница под раководство на професорот по гитара Славко Ѓоргиев, педагог кој свиреше во првата група на Тоше Проески, се претвори во 90 минутен врвен културен настан.

SATIRA PROBISTIPВо преполниот салон на Домот на културата „Злетовски рудар“ кој се покажа како беспрекорен организатор, сатиричарите Ѓоргијоски и Стојменова им донесоа широки насмевки на присутните, меѓу кои доминираа младите кои упатија искрени и големи аплаузи за нивното афористичко дело. Топло и срдечно беа поздравени и преубавите песни на Деолска и Сековска кои овие поетеси ги подарија на жените од Пробиштип по повод Меѓународниот ден на жената 8 март.

Од трета страна пак младите гитаристки и вокалистки од Виница, четирите убави и за музика надарени девојчиња, ја кренаа на нозе публиката со своите изведби на познати хитови од АБА, од Тоше Проески и изведби на популарни македонски народни песни.

53320116_2232829773644570_5945936850383273984_n„Презадоволни сме, восхитени сме од она кое ни го донесоа нашите гости. И со овој настан се докажа дека Пробиштип има публика за настани од културата. Бескрајно сме им благодарни на Миле, Ленче, Деолска, Сековска, на Јовица Илиев, на неверојатните девојчиња во чии раце звуците на гитарата и нивините вокали направија 90 минути да се чувствуваме неверојатно“, рече Марија Трајчева, директорка на ДК „Злетовски рудар“.

53431885_656689268083358_2260979644855484416_nЗад целата оваа преубава претстава во Пробиштип стои Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница. Во негова прганизација беше промоцијата на книгата со 2.000 афоризми „Талкачи по парадокси“ во која се застапени 28 автори од десет европски држави.

„Пред пробиштипјани ги донесовме на увид и карикатурите од „Ин Виница веритас 2018 година“. Навистина сме пресреќни што на настанот дојде толку публика и што младите умееја да ја препознаат суштина на карикатуртата и афоризмот и убавината на поезијата“, рече Јовица Илиев.