Христо Петрески изложува во Штип

40

Штип, 09.03.2018

Познатиот македонски писател и сестран уметник проф.д-р Христо Петрески денес пред штипската публика се претстави со поголем број уметнички слики изработени во неговата уметничка лабораторија. Петрески изложува во штипската библиотека „Гоце Делчев“, а на отворањето на изложбата, покрај група штипски сликари и уметници од разни профили присуствуваа и ученици од ОУ „Ванчо Прќе“.

014Уметникот, професор Петрески, на еден исклучително педагошки начин посебно им се обрати на учениците на кои им раскажа за тоа како се станува писател и сликар. Од друга страна учениците со низа интересни прашање се обидоа да добијат одговори во однос на тоа како се препознава уметникот во себе и како се станува уметник воопшто.

За уметничкиот опус на Петрески зборуваше писателот м-р Трајче Кацаров, близок пријател на уметникот. –„Христо Петрески е едно од најголемите имиња во македонската книжевност и талентиран уметник-сликар. Тој е активен професор, поранешен новинар, организатор и иницијатор на повеќе кративни, уметнички формати“, рече Кацаров.