„Чкембарите“ тепаа, сега ќе го кркат

Штип, 24.01.2017

СВР Штип до Основното јавно обвинителство во овој град поднесе кривична пријава против 14 лица на возраст од 18 до 40 години, сите од Битола и сите дел од навивачката група „Чкембари“.

Кривичната пријава е поднесена поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“.

Имено, на 23.10 2016 година, околу 16,40 часот, по завршување на фудбалскиот наптпревар помеѓу штипска Брегалница и битолски Пелистер, кој поради реновирање на градскиот стадион во Штип се играше во Кочани, при заминувањето со автобус на навивачката група на Пелистер-„Чкембари“, а откако автобусот изминал околу стотина метри, тој застанал при што од него излегле пријавените лица, па како учесници во толпа ги спречиле полициските службеници од полициската станица Кочани во извршување на службено дејство спречување на нарушување на јавниот ред и мир кој пријавените сакале да го нарушат преку физичка пресметка со навивачите на штипска Брегалница како и со гледачи на натпреварот.

На тој настан првопријавениот П.Д. (18 години), околу 17 часот, со полициска палка удрил во глава полициски службеник при што му нанел телесна повреда. Против ова лице е поднесена кривична пријава за кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

(в.ј.)