Шеќеринска во Охрид вети директна поддршка за младите да останат во Македонија

502

Охрид, 26. 11. 2016

Нашиот план за живот во Македонија, план кој гарантира, обезбедува, младите од целата наша држава да останат во татковината, тука да создаваат семејство, тука да најдат работа, тука да ги најдат своите шанси за успех – рече денеска во Охрид, Радмила Шеќеринска, заменик претседател на СДСМ и носител на листата во Петтата изборна едница.

Во Охрид, ова е проблем број еден, градот се празни, младите заминуваат, затоа што тука не гледаат ниту шанса за пристоен живот, ниту шанса за било каква работа. Нашиот план за живот во Македонија го има овој проблем како приоритет број еден, додаде Шеќеринска.

– Токму поради тоа, во Планот за живот во Македонија предвидуваме 140 милиони евра, насочени кон домашните компании, за да создаваат нови работни места и за да обезбедуваат повисоки плати. Дополнително, ќе обезбедиме за сите домашни, мали и средни претпријатија кредити во износ од 15 илјади евра со камата од само 1%, за да можат тие да се развиваат, исто така да отвараат нови работни места, да нудат подобри услови за работа за сите свои вработени – потенцираше  Радмила Шеќеринска во изјава за медиумите.

На младите од Македонија СДСМ им обезбедува шанса и да почнат свој бизнис, да бидат сопствени газди и да ја искористат таа шанса преку неповратни 10 илјади евра, дадени за секоја добра бизнис идеа.

Дополнително, својот бизнис во првите неколку години ќе можат да го основаат во старт-ап центрите низ повеќе градови низ Македонија, каде што нема да мора да плаќаат, ниту за простор ниту за комуналии, ниту за дополнителни услуги и сервиси којшто ќе ги добиваат во самите старт-ап центри.

На тој начин, како што рече Шќеринска,  ќе обезбедат повеќе шанси, повеќе работни места за младите во Македонија и животот да се развива тука во татковината.

(с.б.)