ШТИП: Амбасадорката Галовеј разговараше со градоначалникот Николов и даде интервју за медиумите на УГД

Штип, 24.02.2021

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј денес беше во посета во Општина Штип. Притоа Галовеј разговараше со штипскиот градоначалник д-р Сашко Николов, а централна тема на разговорите беа проектите кои општината ги има реализирано и кои се во фаза на реализација а се поддржани со пари од европските фондови.

-Разговаравме и за трговската соработка меѓу Велика Британија и Северна Македонија, поле на кое се договоривме да имаме интензивна комуникација. Во тоа име наскоро ќе имаме соработка за да се воспостави онлајн форум со компаниите, а се со цел да се изнајдат комуникации и партнери во Велика Британија за нашето стопанство, изјави градоначалникот Николов.

zzaАмбасадорката Рејчел Галовеј беше во посета и на Центарот за информирање при Универзитетот „Гоце Делчев“ каде даде интервју за универзитетските медиуми.

-Британската амбасада во нашата држава финансиски го поддржува развојот на универзитетските медиуми како клучни во информирањето на младите, на што ние сме и благодарни, ни изјави уредникот м-р Игор Стојанов.