ШТИП: Бочварски нов претседател на Советот на градоначалници на Источниот регион

Бочварски

Штип, 20 Ноември 2019

77082207_498198937452539_5307688187458486272_n
Илијев

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски е избран за нов претседател на Советот на градоначалници на Источниот плански регион. Оваа функција тој ја превзема од Николчо Илијев, градоначалник на Кочани кому му истече мандатот. Првиот човек на Советот го бираат градоначалниците од 13 општини од овој регион, а мандатот му трае две години.

Бочварски денес едногласно ја доби довербата во идните две години, кои се совпаѓаат со крајот на актуелниот мандат на сите градоначалници, да биде на чело на најважниот орган на регионот.

-Сите во Советот сме доволно искусни за да знаеме да препознаеме проекти кои ни се од капитално значење за регионот. Тука сме за да им дадеме поддршка на проектите, а со тоа да дадеме нов квалитет во развојот на нашиот регион. Функцијата која ми е доверена е само во формална смисла поголема, зашто како и досега сите ние во Советот ќе го даваме својот придонес за поубава иднина на нашиот регион, рече Бочварски заблагодарувајќи се на довербата која му е укажана.

Овој состав на Советот на градоначалници на регионот, според Николчо Илијев, во двегодишниот мандат успеал да обезбеди реализација на 21 проект, од кои дел се во фаза на реализација.

На состонакот е покрената иницијатива, ИПР до Владата да го достави проектот за изградба на ски центар Царев врв на Пониква кај Кочани, за кој веќе има студија. Овој центар опфаќа вкупно пет општини од Источниот и Североисточниот плански регион, а според студијата проценката занегова изградба е околу 20 милионие вра.