ШТИП: Во убав амбиент промовирана книгата раскази Маалски прикаски од Синиша Станковиќ

Mарјан Наумов

Штип, 21.11.2019

Синоќа во штипската национална универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана книгата раскази „Маалски прикаски“ од новинарот Синиша Станковиќ.

zz02_800x597Промоцијата беше прилично иновативна, преку разговор со писателот кој го водеше новинарот Столе Наумов, беше раскажа прикаската за тоа како е создавано ова дело, за значењето на маалото во животот на една генерација, за маалските случки, маубети, договарања, мангуплуци и слично.

zz03_800x597Во книгата се содржани над 60 раскази кои авторот ги пишувал во период од пет години пред да се реши да ја објави истата. Дел од расказите инспиративно ги прочита Марјан Наумов, актер од малдата генерација македонски актери.

zz04_800x597Програмата беше збогатена со прекрасната музика на ученици од ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“ под будното око на професорката м-р Марија Максимова.

Авторото Синиша Станковиќ на крајот оа убавиот културен настан потпишуваше книги на љубителите на убавата литература.

Нашиот портал ви донесува неколку фотографии од настанот.