ШТИП: Голем мурал никнува на ѕидот на Ликовната академија во центарот на градот

Штип, 23.03.2022

lik02Голем, преубав мурал исцртуваат студентите од катедрата за ѕидно слиакрство на Ликовната акдемија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Муралот се слика на ѕидот од влезната страна на Ликовната академија која е во центарот на Штип, веднаш до Домот на култура „Ацо Шопов“.

-Муралот го работат тројца студенти на нашата Ликовна академија катедра ѕидно сликарство  како нивна проектна задача. Муралот трба да биде готов најдоцна во текот на утрешниот ден, ни изјави проф.д-р Катерина Деспод, декан на Ликовната академија.

Студентите го сликаат муралот по повод 15 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ и 10 години од постоењето на Ликовната академија во негови рамки.