ШТИП: Доделено признанието „8 Ноември“, новинарите можат да бидат горди

Штип, 01.10.2019

Познати се добитниците на признанието „8  Ноември“ кое градот Штип го доделува секоја година на Денот на ослободувањето – 8 ноември.

Годинашни добитници се: Викторија Димитрова Јованова, новинар-допсиник на МИА, м-р Марија Максимов,а професор по пијано во ДМУЦ „Серѓеј МИхајлов“, д-р Ристе Љуботенски, сопственик на винаријата Имако Вино, Раде Ивановски, професионален пилот и Средното музичко училиште „Серѓеј Михајлов“.

Наградите им се доделени за вонредни остварувања од значење за угледот на Штип во 2019 година.

Интересен а фактот дека од петмината наградени дури двајца се добитници на признанието „Најдоброто од истокот“ кое пет години по ред го доделува регионалниот центар на новинари „Исток“ при ЗНМ со седиште во Штип.

Тоа се м-р Марија Максимова која го доби „Источниот оскар“ за посебни остварувања во сферата на образованието и Викторија Димитрова Јованова, која беше прогласена  за новинар на годината. И Марија и Викторија високите  признанија ги добија минатата година на пригодната свеченост која новинарите секогаш ја одржуваат на МСУ „Гаврило Романович Державин“, во Свети Николе каде ги имаат најдобрите услови за ваква врвна манифестација.