ШТИП: За ветерен столб 5.000.000 денари, за фотоволтаици 150 денари од метар квадратен

Штип, 13.07.2019

Секој што ќе посака да инвесира во ветерници за производство на струја во атарот на општина Штип за нејзино поставување (за едно столбно место) ќе треба да плати пет милиони денари. За поставување на фотоволтаици цената е 150 денари од метар квадратен.

Една ветерница има распон на перките во радиус од 90 до 100 метри.

Општина Штип првите пари од поставување на системи за обновливи извори на енергија треба да ги заработи од првата ветерница која ќе се гради кај овчеполското село Богословец. Дел од турбините на првата од осумте најавени ветерници кои ќе се градат на овој терен зафаќа и терен од штипска општина и тоа дел од катастарска општина Доброшани.