ШТИП: За две години 2.500 коронoгрaфии, стентирани 900 лица, на половина им е спасен животот зашто имале срцев удар

Штип, 14.05.2020

Пред две години во штипската Клиничка болница повторно беше ставен во функција ангиографот со што се овозможи непречена работа на одделот за интервентна кардиологија. Архитект на оваа состојба e д-р Ален Ѓеорѓијев, актуелен директор на оваа болница која е од регионален карактер и се грижи за здравјето на преку 200.000 граѓани во регионот. По тој повод денес во кругот на Клиничлка болница се оддржа прес конференција на која говореа директорот Ѓеорѓијев и интервентниот кардилог д-р Сашко Николов, началник на одделението за кардиологија при оваа болница.

„Денес се навршуваат две години од повторното ставање во функција на  ангиографот, важен апарат кој при моето назначување за директор беше во дефект. Денес, две години потоа, се особено задоволство можеме да кажеме дека сме горди на бројките. Денес имаме двојно поголем буџет за набавка на матерријали за кардиологија, имаме двојно повеќе стентови од минатата година, за што зборува фактот дека лани сме набавиле 410, а година  940 стентови. Граѓаните можат мирно да спијат зашто сите пет типови на стентови кои ги имаме набавено се од топ петте најпознати светски производители и, соодветно на тоа сите се со врвен квалитет. Ние сме тука да ги слушаме нашите доктори, а Клиничка има доктори со кои секоја клиника во светот би се гордеела. Тоа се доктори кои можат да рабоатат во секоја светска клиника, а наше е да ги слушаме и исполнуваме нивните барања, да им овозможиме апаратурите да работат, а тие, со својата стручност и неверојатна поосветеност да продолжат како и досега да спасуваат животи“, рече директорот д-р Ален Ѓеогѓијев.

Тој изрази уверување дека идната година Клиничка болница ќе може да се пофали со уште поголем број спасени човечки животи, и како регонален центар во македонското здравство таа ќе го продолжи нагорниот тренд.

Според интервентниот кардиолог д-р Сашко Николов, началника на одделот за интевентна кардиологија, неговата цел кога дошол на работа во штипската Клиничка болниза била остварена.

„Кога во 2014 година од приватното здравство се вратив во Клиничка болница Штип, мојата идеја и цел беше да формираме оддел за интервентна кардиологија. На 14 мај 2018 година, после неколкумесечна подготовка, со огромна помош на директорот д-р Ален Ѓеорѓијев и менаџерскиот тим, низ неколкумесечна кадровска и целосна систематска подготовка успеавме на 14 мај да отвориме таков оддел. Истито ден, за среќа на нашиот најмлад тогашен пациент кој имаше само 25 години, ја извршивме првата тешка и сложена интервенција, а таа за среќа на пациентот и на наше огромно задоволство беше исклучително успешна. Нашиот прв пациент и денес е жив и здрав, со него повремено се слушаме, и тој е во полна севкупна кондиција“, рече Николов.

Тој се потсети на првите моменти по стартот на одделот. Кога почнале биле само четири доктори и шест сестри,а денес со гордост можат да се пофалат дека одделот за интервентна кардиологија брои 7 доктори, 14 медицински сестри, четитри болничарки и две хгиеничарки.

„Од месец мај 2018  до месец мај 2020 година направивме околу 2.500 коронографии, а од 2014 година до денес вкупниот број на коронографии изнесува 4050. Во ангиогфрафската сала вкупно сме стентирале околу 1.500 лица при што само во периодот 2018-2020 извршивме околу 900 стентирања. Од овие 900 стентирања 450 се  миокардни инфаркти, односно пациенти со срцеви удари кои итно биле донесени на нашето одделение. Само во овие две години, покрај стентирање ние направивме кардиоваскуларна проценка и дијагностика на пацинети и тие  беа испратени на третман во кардиохируршките институции во скопските клиники бидејќи во Штип нема кардиохирургија. Посебно сме горди што тие пациенти, сите до еден денес се во одлична состојба“, псоочува д- Николов.

На одделението за кардиологија при Клиничка болница Штип, во овој период направени се околу 15.000 ехокардиографии, односно кардиоваскуларни проценки, а од нив 6.000 се направени само во последните две години.

„Горд сум што ја имав можноста целиот персонал кој работи на одделот за интервентна кардиологија да му го пренесам сето свое знање стекнато при мојата работа на приватните  институции во моите пет години работа, како и знаењето стекнато со моето учество на стручни конгреси и семинари насекаде низ  светот. Посебна чест ми е што можам да соопштам дека целиот тим од интевентна кардиологија бевме поканети на последниот Балканско-Европски конгрес во Софија каде презентиравме една најсложена интервенција во нашата струка, каде во присуство на претседатели на интервентни кардиолошки здруженија во кои членуваат само 50 најелитни интервенти кардиолози од цел свет добивме пофалби и честитки.  Нашата презентација беше пријавена на нивниот сајт, а јас добив лична покана да присуствувам на нивниот митинг кој треба да се одржи во септември годинава, но поради пандемијата не знаеме дали ќе се одржи и во која форма ако се одржи“, најгласи д-р Сашко Николов..

Тој информира дека за време на пандемијата, кога сите морале да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство, овој оддел работел со полн капацитет бидејќи нивните  пациенти не знаеле дали ќе има или нема да има пандемија…

„Во овие два месеци на пандемија направивме вкупно 77 стентирања  од кои 95 проценти беа со срцев ифаркт. Во вака посебно тешки услови на носење маски, визири, скафандери, на менување на еден со друг скафандер, со силна посветеност на здравјето на нашите пациенти успеавме тие да добијат навремена, стручна и професионална здравствена поддршка“, нагласи д-р Николов..