ШТИП: Збирка афоризми на српски јазик од тандемот Ѓорѓијоски-Долински

Штип, 14.01.2020

Денес излезе од печат  збирката афоризми под наслов „Плашила покрај патот“ (Страшила поред пута), заедничка книга на македонските сатитичари Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински.

Книгата е наменета за српскот јазично подрачје и содржи избор од преку 600 афоризми од двајцата автори. Автори на кориците се познатите македонски карикатуристи Јордан Поп Илиев и Миро Георгиевски. Издавач е Домот на културата “Тошо Арсов” Виница, а ова е прва од серијата книги во кои со свои афоризми ќе се претстават најеминентните македонски сатиричари. Воедно ова е седма книга од едицијата Балканска сатира.

Ова е прва заедничка книга, Ѓорѓијоски самостојно има издадено триесет, а Долински пет книги афоризми.

Промоции на книгата ќе има во Виница, Кичево, Скопје, Струга и Лазаревац, Србија. Оваа збирка афоризми е наменета за српското говорно подрачје, а во скоро време ќе има издание и на Македонски и Руски јазик.

Првото издание е на српски јазик затоа што е правена за фестивали за хумор и сатира во соседна Србија.