ШТИП: Зоран Алексов на меѓународна презентација за мапирање на телекомуникациската инфраструктура во Северна Македонија

Штип, 05.10.2019

Претставници на АЕК учествуваа на 17 Меѓународна конференција организирана од страна на ITU и Црногоското регулаторно тело “Agencija za elektronske komunikacije i poštansku djelatnost” со наслов Идна Регулатива за Инклузивна поврзност, која се одржa во рамките на Фестивалот за информатички технологии ИнфоФест во Будва, Република Црна Гора.

Конференцијата од 30ти Септември до 1-ви Октомври. На конференцијата заедничка презентација имаа Зоран Алексов и Борис Арсов со наслов  “Повеќеслојно мапирање на ТК инфраструктура во Македонија“.

Презентацијата ги претстави досегашните имплементирани решенија во Агенцијата поврзано со ТК инфраструктура преку Единствената Точка за Информации (ЕТИ) и WEB GIS  колекторот, меѓу кои и мапирањето на ТК инфраструктури на сите Оператори и Институции во Македонија кои имаат односно располагаат со Телекомуникациска инфраструктура.

Исто така беа презентирани и идните активности на Агенцијата поврзани со проширување на функционалностите на ЕТИ во насока на потикнување на техничко технолошкиот развој на ТК инфраструктурата на компаниите и институциите во државата.