ШТИП: Изложба на слики од деца – уметници, половина од делата продадени, парите за доброто здравје на Симона

Штип, 07.11.2019

Педесет слики, уметнички дела на млади, уметнички надарени деца на возраст од 6-12 години беа изложени вечерва во изложбениот салон на Домот на култура „Ацо Шопов“.

Децата се од ликовната школа која на почетокот од месец септември годинава ја отвори познатата штипска уметничка галерија Колорис АМ на уметникот Боре Минов кој заедно со Сара Петров, дипломиран ликовен уметник, работат со децата.

На отворањето имаше доста публика, а бидејќи изложбата имаше и хуманитарен карактер половина од сликите беа купени од присутните. Цената на сликите беше 700 и 900 денари.

-Школата ја посетуваат 12 деца, имавме многу поголем притисок но сакавме помали групи на кои јас и Сара Петров можеме повеќе и подобро да им се посветиме. Меѓу овие деца има и таленти кои ветуваат, а ако се посветат на ликовната уметност можеби еден убав ден ќе станат познати во светот на уметноста, ни рече Минов.

Настанот го отвори хармоникашкото трио кое го сочинуваат Тони Лазаров, и Милан Коцев, професори во Средното музчичко училиште „Серѓеј Михајлов“ и нивниот ученик Бојан Наков.

-И понатаму Колорис АМ ќе прави вакви манифестации кои ќе бидат од хуманитарен карактер, исклучително ни се бендисува тоа што градот формира Солидарен фонд, па парите, мали или големи сеедно, ќе ги уплатуваме во него, посочува уметникот Боре Минов.

a01_800x597 a02_800x597 a03_800x597a04_448x600