ШТИП: Исклучителни средби и разговори на кандидатот за пратеник Илија Николовски со штипјани

Штип, 24.07.2020

Илија Николовски, генерал во пензија, претседател на Партијата на пензионери, досегашен пратеник и кандидат за пратеник во третата изборна единица од листата на СДСМ и коалицијата денес боравеше во Штип. На почетокот од престојот во градот под Исарот, а во придружба на Општинското партиско раководство, Николовски даде кратки интервјуа за ТВ Ирис, М-Нет и istokpress.mk, a потоа, во придружба на општинското раководсто посети повеќе трговски, услужни и производни фирми во Штип.

За одбележување е фактот дека Николовски насекаде беше дочекан на еден исклучително цивилизиран начин. Граѓаните кои имаат мали бизниси во центарот на градот најмногу се интересираа за програмата на СДСМ и коалицијата во однос на економијата, за малите бизниси и за придобивките на државата и народот од влезот во НАТО и ЕУ.

002Во дуќанот на единствениот часовникар во регионот, во старата штипска чаршија, домаќинот му посочи на Николовски дека нема млади кои би сакале да се бават со занаетчиство.-„Од оваа работа која јас ја работам може да се живее, но важно е идниот парламент и идната Влада да го помогнат занаетчистввото. Не е точно дека за мојот занает нема работа, интересно е дека младите се повеќе купуваат рачни часовници, а девојките купуваат по повеќе часовници да им бидат во согласност со гардеробата. Мобилните телефони не ги фрлија во заборав часовниците кои сега се користат и како украс“, рече часовникарот.

Семејство кое има убава пиљарница на улицата „Ванчо Прќе“ му порача на Николовски дека од својата дејност тие пристојно живеат, дека нема на што да се пожалат. –„Само нека помине ова со вирусот, работа ќе има и повеќе“, рекоа на ова место.

003Во туристичка агенција Николовски доби информации за тешките моменти во кои оваа дејност западнала. Но, младата агентка изрази оптимизам верувајќи во мерките на бившата влада и во тоа дека и наредната влада ќе направи нешто да им помогне на агенциите и на туризмот.

004Во најпознатиот шивачки салон во центарот на Штип Николовски беше запознат дека занаетот не е лесна работа но задоволство сепак постои.-„И кај нас најголем проблем е немањето подмладок, се надеваме дека новиот состав на парламентот ќе донесе закони кои ќе бидат во полза и на занаетчиството зашто тоа е еден рудник во кој може да има многу вработувања“, рекоа во салонот.

Утре (четврток, 25 јуни) кандидатот за пратеник од листата на СДСМ и коалицијата Илија Николовски ќе биде во Кочани каде исто така има исполнета целодневна агенда.