Штип и Велес се подготвуваат за гасификација

Штип-Велес, 23.02.2018

Прво Штип па потоа и Велес. Тоа се градовите кои после Струмица ќе доживеат гасификација. Првиот најефтин енергенс во овие градови се очекува за две години, а први корисници на ефтината енергија ќе бидат училишта, градинки, домови на култура, институции, стопански организации, а потоа и домакинствата.

27972301_976166132537874_1748617199636049969_n
Благој Бочварски
Kocevski-fin
Аце Коцевски

 

 

 

 

 

Според штипскиот градоначалник Благој Бочварски, тој ја имал првата работна средба со Благојче Котевски, директор на МЕР-Македонски енергетски ресурси при што било договорено, поради близината на главната гасоводна линија до Штип, овој град прв по Струмица да може да го користи гасот.

„Интересот на стопанствениците, на општината, на институциите и граѓаните е огромен. Тоа е наша обврска да се посветиме на што поскора гасификација на градот. Главниот цевковод е во близина на градот, ќе вложиме во изработка на проектна докуементација, ќе им обезбедиме на корисниците намалување на трошоците за енергија и до 70 проценти“, рече Бочварски.

Најава за гасификација и на Велес дојде денес од градоначалникот Аце Коцевски. Според информацијата на дума.мк Коцевски најавил формирање на јавно општинско претпријатие „Велес гас“ за да го води процесот на гасификација во градот.

„Очекуваните резултати од внесувањето на гасот, во првите две години во фирмите и јавните институции, се заштеда на финансиски средства затоа што гасот е убедливо поефтин од сите други енергенси што секако ќе се рефлектира врз заштитата на животната средина. Физибилити студијата со нова анализа на потрошувачите на гас е првата работа што Општина Велес ќе треба да ја сработи“, рече денес на прес конференција Коцевски“

Тој нагласи дека потоа следува период во кој Велес треба да добие лиценца за дистрибуција, да се изготват проекти и да се започне со изградба на секундарната и терцијалната мрежа за потоа да се започне со процесот на приклучување. Целиот овој процес планираме да трае во следните две години колкав период е и потребен за Владата на Република Македонија гасот од Штип преку Свети Николе до Велес во должина од 28 километри да го доведе до нашиот град, рече градоначалникот Аце Коцевски.

Општината ќе и испрати препораки на бизнис заедницата дека за две години ќе има можност да користи гас за да можат своите инвестициони програми и топловодни системи да ги прилагодат на гас додека таа веднаш ќе започне на идните инвеститори на згради да имаат обврска да предвидат приклучоци за гас во становите и во деловните објекти во состав на зградите.