ШТИП: Млади уметнички му даваат нов шарм на Домот на културата

Aлександар и Љупка ја преставуваат својата уметничка визија

Штип, 18.11.2017

Александра Димитрова, млада ликовна уметничка од Кочани, Блашка Ми Ева, дипломирана сликарка од Скопје и Љупка Коцева, средношколка од Скопје, член на школата за цртање и сликање, на еден ѕид на Домот на култура „Ацо Шопов“ инсталираат мозаик водени од својот уметнички порив.

Блашка посветено работи на мозаикот
Блашка посветено работи на мозаикот

„Зад овој проект стои здружението Добредојде во Македонија, а истиот е поддржан од Министерството за култура и Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип.  Ова што го работиме е еден вид перформанс кој е производ на нашата моментална инспирација. Цениме дека на ваков начин, преку овој вид уметност, придонесуваме за разубавување на нашите културни институции правејќи ги поинтересни за јавноста“, вели Александра Димитрова.

Покрај во Штип вакви мозаици се изработени и на култни и од граѓаните мошне посетени места во Кочани и во Струмица.