ШТИП: Музичкото училиште идниот месец организира меѓународен натпревар

Штип, 13.10.2020

Музичкото училиште „Серѓеј Михајлов“ од Штип идниот месец ќе го организира првиот меѓународен натпревар во повеќе музички дисциплини. Планирано е натпреварот да се одржи од 16 до 20 ноември, годинава.

-Чест ни е да бидеме организатори за прв пат на еден меѓународен натпревар кој го носи името на основачот на нашето училиште, почитуваниот Сергеј Михајлов. Овој натпревар е договорен со повеќе држави од регионот и од Европа во март месец годинава, пред појавата на Ковид 19, а неговото одржување ќе зависи од тоа како ќе се развива пандемијата, вели м-р Горан Кавраков, директор на ова училиште.

Натпреварот треба да се реализира со физичко присуство на учесниците, што би требало да биде на ниво на голем музички спектакал. Организаторот се надева дека корона вирусот нема да биде пречка, но сепак се ќе зависи од здравствената состојба кај нас и во земјите од кадде треба да дојдат учесниците.

Еве во кои дисциплини е планиран натпреварот:
121420186_772661150128428_8997007414928622030_n