ШТИП: Новинарите од регионот ги доделија признанијата „Најдоброто од истокот за 2019 година“

Штип, 18/01.2020

На состанок во Делчево новинарите од регионалниот центар на новинари „Исток“ во составот на ЗНМ ја донесоа конечната одлука во однос на носителите на признанието „Најдоброто од истокот за 2019 година“.

Носители на ова признание по области се:

1.Стопанство – фабрика „Антура“ – Кочани

2.Менаџер на 2019 година: Трајан Ангелов, прв човек на Квенбергер логистик Македонија-Штип

3.Образование: Горан Иванов, директор на ОУ „Славчо Стојменски“-Виница

4.Туризам: Хотел Сан Рајс – Делчево

5.Здравство: Ординација „д-р. Златко Стојменов“-Штип

6.Култура: Виница, град на културата за 2019 година.

  1. Култура поединец: – Горан Огнановски, КИЦ Романска-Македонска Каменица.

8.Спорт: Женски фудбалски клуб „Саса“-М.Каменица

9.Хуманост: град Штип.

10.Општествена одговорност: Чедо Петров-Пробиштип

11.Невладин сектор: Едукативен центар Негрево, општина Пехчево

12.Наука: проф.д-р Трајче Стојанов, проф.по философија на УГД.

13.Странска амбасада во РСМ: амбасада на Јапонија.

14.Личност надвор од регионот: Проф.д-р Ванчо Чифлиганец.

Посебни признанија  за придонесот кон афирмацијата на македонскиот филм новинарите доделија на младите актери Зорица Нушева за улогата на Петрунија во филмот „Бог постои, името и е Петрунија“ и на Благој Веселинов за главната улога во филмот „Исцелителот“. Нушева е од Делчево, а Веселинов оф Кочани.

Новинарите од регионот оваа манифестација годинава ја одржуваат по шести пат. Во претходните пет години се доделени 75 признанија на поединци, иснтитуции, стопански организации, невладин сектор од сите општини во регионот и на странски амбасади.

Признанија на добитниците ќе им бидат врачени на свечена приредба под наслов „Ноќ на источните оскари“ која и годинава ќе се одржи во амфитеатарот на  Славјански во Свети Николе кон крајот на месец февруари.

Сите добитници ќе бидат претставени преку кратки филмови по што ќе им бидат врачени признанијата.