ШТИП: Нов Тренд со нова хала во близина на скопскиот аеродром

Штип, 07.02.2020

Штипската компанија „Нов Тред“ во близина на скопскиот аеродром во општина Петовец, кон крајот на минатиот месец ја започна изградбата на нова хала со површина од 7.600 метри квадратни, а за само десеттина дена нејзините контури веќе се гледаат. На целиот овој проект постои силен штипски печат зашто халата ја гради штипска „Актива ДОО“ предводена од Иле Николов.

-Ја искажувам благодарноста на Општина Петровец и својата лична благодарност до инвеститорот како за оваа инвестиција исто така и  за севкупните вложувања на територијата на нашата општина. Халата ќе ја користи логистичкиот оператор Квенбергер Логистик Македонија, а во неа е предвидено да има 100 вработени, рече Борче Митевски, градоначалник на Општина Петровец..

Површината на парцелата на која се гради втората хала која ќе ја користи логистичкиот оператор Квенбергер Логистик Македонија има 35.000 метри квадратни и се наоѓа во непосредна близина на аеродромот.

Првата хала е изградена во 2015 година и таа има површина од 9.200 метри квадратни.

„Актива ДОО“ си даде обврска објектот да го изгради за најмногу до три месеци.

Иницијативата за изградбата на овој логистички центар доаѓа од австрискиот лопгистички оператор Квенбергер Логистик Македонија чие седиште за нашата држава е во Штип. Оваа успешна компанија во нашата држава ја предводи управителот Трајан Ангелов.

-Намената е да обезбедиме квалитетна поддршка на домашни и странски компании од повеќе индустрии. Ние имаме и поголем број вработени кои од Штип до логистичкиот центар во Петровец патуваат на работа секој ден, а со изградбата на новиот автопат патувањето е брзо и претставува задоволство, вели Ангелов.

s05 s03 s02s04