ШТИП: Осмоноемвриското признание за две личности и две институции

Штип, 02.11.2020

Д-р. Трајче Стојанов, професор по филозофија на Универзитетот „Гоце Делчев“, Елена Голомеова, оперска пеачка во оперите во Ница и Париз, Франција, Инфективното одделение при клиничката болница и Територијалната противпожарна едница се избор на Комисијата за доделување на ова признание.

Комисијата својата одлука ја донесе на денешната седница, адали нејзиниот избор ќе биде потврден и од Советот на Општина Штип ќе се знае по одржувањето на седницата закажана за 6-ти (петок) овој месец .