ШТИП: Поставени првите пунктови за дезинфекција на возилата

Штип, 01.04.2020

Денеска се ставени два од предвидените три пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во општина Штип. Поставените пунктови се на влезот од Скопје кон Штип кај Републичката полиција, и на влезот од Струмица и Радовиш кон Штип кај училиштето „Искра“. Утре ќе се работи на пункт кај влезот од Кочани кон Штип поточно кај индустриската зона „Македонка“.

91706791_10215305597144783_6669715333126815744_n-Општина Штип ги презема сите мерки кои се во насока на поголема заштита на граѓаните, на сите возила коишто влегуваат и доаѓаат од околните градови. Морам да напоменам дека останатиот дел од градот, постојано се дезинфицира преку ТППЕ и ЈП „Исар“. Дезинфицирани се улиците, плоштадите, јавно прометните површини и влезовите од станбените згради,“, истакна градоначалникот Бочварски.

91821060_10215305598744823_1744106405528338432_nПолицијата ќе ги контролира сите пунктови кадешто возилата кои влегуваат во градот мора да ги поминат и ќе се изрекува казна доколку одредено возило го заобиколува овој пункт за дезинфекција.

Општина Штип искажува благодарност на три градежни компании коишто излегоа во пресрет на Општината и брзо и ефикасно ги изградија овие пунктови, а тоа се : Коле Транс Инжинеринг, БАУ Инжинеринг и Пелагонија инжинеринг.

   (и.б.)