ШТИП: Прво па машко-Матеј

Штип, 02.01.2019

Првото бебе родено во Штип во тековната 2020 година е машко. Се вика Матеј и е второ дете во семејството. Родилката се вика Ана.

Денес во посета на Матеј и Ана беше градоначалникот Благој Бочварски. Матеј е роден во на први јануари во 8 часот изутрина.

-Во име на Општина Штип подаривме скромен подарок за Матеј и Ана и штедна книшка со 10.000 денари. На мене ми е драго што вчера во првите два дена од оваа година се родени шест бебиња во акушерското одделение при Клиничка болница Штип, изјави градоначалникот Бочварски.

Мајката Ана и Матеј подарок и честитки добија и од директорот на Клиничка болница, Ален Георгијев.

Општина Штип упатува честитки за сите вработени во болницата, кои во новогодишната ноќ беа на работните места и се грижеа за здравјето на граѓаните.