ШТИП: СДСМ ветува здрава и безбедна кампања

Штип, 24.07.2020

СДСМ и коалицијата „Можеме“ денс во Штип ја започна кампањата за превдремените парламентарни избори закажани за 15 јули годинава.

-Ветуваме здравствено безбедна кампања преку која на гласачите ќе им ја претставиме нашата понуда за овие избори. За три години СДСМ и Владата што ја предводи покажаа одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата, рече Биљана Казанџиска, шеф на Изборниот штаб.

Казанџиска порача дека од економија во минус владата на СДСМ обезбедила солиден и постојан економски раст, повисоки плати и рекордно ниска невработеност.

-Од изолирана и заробена држава изградивме земја членка на НАТО и земја преговарач со ЕУ. Денес успешно се справуваме и со здравствените и економските ефекти на коронавирусот. Донесовме навремени здравствени мерки, а со трите пакети економски мерки помогнавме да се спасат илјадници работни места, да се зајакне приватната потрошувачка и куповната моќ на граѓаните со ниски примања, порача Казанџиска.

Таа рече дека сега е време за нови иницијативи на кои СДСМ и коалицијата се  обврзуваат пред граѓаните, но и пред себеси. –„Ние знаеме дека заедно со граѓаните, можеме да постигнеме уште повеќе и уште подобро. Подготвивме понуда која обезбедува план за успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, подготвивме мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина. Градиме држава за достоинствен живот за сите. Инвестираме во македонското здравство. Им помагаме на компаниите успешно да се справат со кризата и да ги зачуваат работниците.

Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија“, изјави Казанџиска.

Таа уште посочи дека СДСМ создава земја на слободни и одговорни луѓе, преземаме храбри чекори за заштита на природата, создаваме средина во која младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста.

-Влеговме во НАТО – можеме и во ЕУ! Тоа значи сигурна иднина за сите нас и за сите наши деца и гарантиран брз економски развој, затоа што добиваме пристап до пазар од 4 милијарди евра годишно. За три години направивме пресврт на подобро, државата ја извадивме на прав пат. Ние имаме решенија за вас и вашите реални потреби. Заедно со вас продолжуваме да работиме уште повеќе и уште подобро, поентираше Биљана Казанџиска.