Штип: Се менува сообраќајниот режим на два моста во центарот на градот

Штип, 29.08.2019

Општина Штип ги известува граѓаните дека од утре, 30.08.2019 година ќе се изврши промена на насоките на движење на мостовите кај Гимназијата и Каменик мост.

Имајќи го во предвид воведувањето на еднонасочниот режим во централното градско подрачје, а со тоа и првобитната насока на движење на конкретните мостови како оптимална во однос на најкратки релации и непреченото одвивање на сообраќајот на овие делници во период од седум години, пред шест месеци на барање на значителна група на граѓани се изврши промена на насоките на движење на мостовите.

Ова решение не ги даде очекуваните резултати , поради што се пристапува кон оваа мерка пред самиот почеток на школската година за избегнување на зачепувањата на сообраќајот на критичните делници.

Општина Штип ќе пристапи кон сериозно решавање на проблемот на одвивање на сообраќајот во централното градско подрачје со соодветна анализа и произлегување на решенија од стручни институции се со цел на реализирање на подолгорочни решенија.

Се апелира до граѓаните на зголемено внимание како учесници во сообраќајот од сите категории во почетокот на воведувањето на режимот.