ШТИП: Слики од ликовната колонија „Јоаким Осоговски“ пред штипјани

Штип, 01.12.2021

Шеснаесет уметнички слики создаени за време на годинашнава ликовната колнија „Јоаким Осоговски“ во истоимениот манастир кај Крива Паланка беа претставени денес пред штипјани во изложбениот салон на Домот на култура „Ацо Шопов“. Пред поголем број главно млади љубители на уметноста за колонијата и делата настанати на нејзиното 35 издание говореше писателот м-р Трајче Кацаров.

262208529_1788948327956811_3737632211352946186_n„Деветмина уметници од Македонија, Србија и Украина твореа во рамките на колонијата создавајќи нови уметнички дела кои се најдоа и на изложбата во нашиот Штип. Ликовната колонија „Јоаким Осоговски“ со работа започна пред 35 години, во нејзината работа учествувале над 400 уметници од сите континенти кои создале преку 600 уметнички слики. Оваа колонија е нашата препознатлива оаза на духот и слободата на творештвото, рече Кацаров.

Тој појасни дека делата треба да бидат видени од што побројна публика зашто тие носат возбуда од мансатирот „Свети Јоаким Осоговски“ каде и се создавани.