ШТИП: Станарите од кулите кај Бриони бараат спас од локалната власт

Штип, 02.06.2020

Станарите во кулите 4,5,6 и 7 на улица „Ѓенерал Михајло Апостолски“ кај месноста Бриони вчера испратија допис до Општина Штип во кое ја образложуваат својата голема мака и бараат решение за неа.

Во образложението на дописот тие велат дека подолго време нивниот мир и спокој се нарушени од неодговорни младинци кои по улицата која покрај нивните кули води до управата и стопанскиот двор на ЈП „Исар“ разуздано се однесуваат, а и покрај повикувањето полиција проблемот досега не им бил решен.

„На овој простор со голема брзина се возат безброј мопеди, мотори, автомобили, младите се натпреваруваат кој ќе биде побучен, кој подолго ќе вози на едно тркало…Во ноќните часови зидините на кејот на Отиња се претвараат во шанкови на отворено, се пие, се пуши трева, цигари, се слушаат непристојни и неконтролирани зборови, нашите влезови станааа санитарни чворови, околината на зградите се преполнува со празни шишиња, лушпи од сончоглед и семки на тони, тоалетна хартија“, пишуваат станарите и барат решение за проблемот кој не им дава мир во попладневните и во вечерните часови.

Тие потсетуваат на фактот дека овде живеат мали деца но и постари луѓе на кои им е потребен мир.

„Не смееме во тоа време децата да ги пуштиме надвор. Викавме полиција, но резултат нема“, посочија во дописот станарите од овие кули.

Тие од локалната власт бараат:

-Да се постават лежечки полицајци пред секоја од кулите во насока од мостот на Отиња па до влезот во ЈП Исар;

-Полицијата да патролира и контролира секој ден попладне и навечер посел 21 часот…