ШТИП: Тромбоза и заштитата од неа, предавање на д-р Мери Шорова за лица од третото доба

Штип, 22.11.2019

Како да препознаете тромбоза? Болест од која во светот боледуваат три милиони луѓе?

Како да пристапите кон болеста, како таа се спречува икако се лекува, која терапија е најдобра, кога да се отиде на лекар?

На оваа тема денес во големата сала на Општина Штип интерактивно предавање оддржа д-р Мери Шорова. Организатори беа Општина Штип и Општинската организација на Црвениот крст.

bp02_800x597На предавањето присуствуваа главно луѓе од третото доба зашто нив најмногу ги погодува тромбозата.Д-р Шорово ги упати во процесите на исхраната при што рече дека лукот и куркумата помагале многу како и витаминот Е, а тука се и активниот живот со пешачење, елиминирање на пушењето и слично.

Беше организирана и мини-работилница за совладување на основните техники за укажување прва помош кај лицата од трето доба. Присутните добија добри информации како да постапуваат во случаи кога некое лице е во бессознание и како на тоа лице да му се укаже прва помош и да му се спаси животот.

Присутните упатија и поголем број прашања сврзани со нивното здравје на што добија релевантни и корисни совети од д-р Шорова.