ШТИП: Утревечер Ревизор на Гогољ со новата генерација македонски актери пред штипјани

Штип, 14.11.2019

Утревечер, на големата сцена во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе биде прикажана претставата Ревизор од Гогољ. Она кое оваа претстава ја прави посебно интерсна и привлечна е што во неа играт актери кои неодамна дипломирале на Факултетот за драмска уметност во класата на проф.Мими Таневска Србиновска.

Претставата е изведена повеќе од 15 пати, во склоп на Факултетот за драмски уметности, Драмскиот Театар во Скопје, Театар Комедија во Скопје, Прилепскиот Театар Марко Цепенков во склоп на фестивалот Војдан Черднодрински и меѓународниот студентски театарски фестивал Дионис во Хрватска, каде освои награда за најдобра претстава. Популарноста на претставата беше искористена и за обезбедување средства за хуманитарни цели.

kk02_800x448Улогите ги толкуваат:

Антон Антонович – Томислав Давидовски

Ана Андреевна – Стефанија Митовска

Марија Антоновна – Наталија Ристеска

Лука Лукич Хлопов – Благој Јовановски

Амос Фjодорович Лјапкин Тјапкин – Виктор Велевски

Артемиј Филипович Земњаника – Исмет Шабановиќ

Иван Кузмич Шпкеин – Стефан Спасов

Петар Иванович Допчински – Дарко Ристовски

Петар Иванович Бопчински – Maрјан Наумов

Иван Александрович Хлестаков – Кристијан Танчевски

Февроња Петровна Пошљапкина – Изабела Јакимова

Подофицирката Ивановна – Ана Димитров

„Ревизор” е социјална и морална сатира која ја играат 12 актери, според текстот на Николај Василевич Гогољ. Истата вклучува 5 чина кои се изведуваат во времетраење од 90 минути. Целта на претставата е преку комичен начин да ја прикаже корупцијата која постои во една руска провинција. Дејството се одвива во Русија во првата половина од 19 век каде во едно мало село се очекува да пристигне важна личност – ревизор. Но, на местото на важната личност, доаѓа некој друг за кој сите претпоставуваат дека е ревизорот. Целата конфузија создава комични сцени, анегдоти и неочекувани настани и недоразбирања.