ШТИП: Црвен крст со акција за опожареното семејство во Лакавица

Штип, 05.08.2019

Тимот на Црвен крст Штип денес го посети опожареното 11-члено семејство во село Лакавица. На темелите од некогашниот дом, чиј покрив го делеа три генерации, периодов ќе се надградува ново живеалиште, процес за кој е потребна помош од сите граѓани кои се во состојба да дадат свој придонес.

67661285_348238036093378_6422104820630421504_n_450x600 Денешната донација за ова семејство се состоеше во трајни прехранбени продукти, хигиенски средства, бебешки аксесоари, нови ќебиња и постелнина и облека селектирана според возраста на корисниците.

67562982_2597891150455275_7564265761418510336_n_450x600Општинската организација на Црвен крст Штип упатува апел до сите сограѓани кои имаат мебел и покуќнина кои не ги користат, како и градежен материјал, неделава да ги донираат во просториите на ЦК секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. На листата желби на најмладите членови на семејството се најдоа и два училишни ранци (за машки деца 6 и 7 години), кукла и пелени за 2-месечното бебе.