ЏЕС БЕЈЛИ: Активните граѓани се камен темелник на секоја демократија

1066

Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави во нашата земја даде интервју за студентското радио и ТВ при Универзитетот „Гоце Делчев“. Интервјуто го водеше новинарот Игор Стојанов, а Штипски глас и порталот istokpress.mk, поради актуелноста на темите третирани во интервјуто, со дозвола на учесниците во него, истото го објавуваат на своите страници. Амбасадорот Бејли одговара на прашањата на новинарот Стојанов по однос на значењето за Македонија од влезот во НАТО и ЕУ, за одењето на младите од државата и можноста за нивно враќање, за настаните од Крушево и говорот на омраза кон дипломатите, за (не)слободата на медиумите, за можностите за студирање во САД и слично.

            Во последно време патувате низ Македонија. Бевте во Прилеп, во Неготино, Кочани и Штип. Посетивте многу луѓе. Постојано се среќавате со политичари со претставници на локални власти со млади луѓе. Обрнувате особено внимание на младите. Може ли да ни кажете зошто? Имате ли чувство дека младите не се доволно вклучениво социјалниот и политичкиот живот во Македонија? Затоа што јас го имам чувството дека тие размислуваат само како да ја напуштат нашата држава.        

Ова прашање може да се разгледува од повеќе аспекти.Предизвикот на речиси секоја демократија што ја знаеме е да ги вклучи младите во политиката, во политичкиот живот и да бидат активни во заедницата.Некои држави го прават тоа подобро некои полошо. Во САД на пример се посветува повеќе внимание на волонтеризмот и работа во различни видови на организации со цел да се придонесе за заедницата. Но дури и во такви околности да се натераат младите да излезат и да гласаат останува предизвик. Сметам дека ова е предизвик и во Македонија.Мислам дека е важно да ги вклучиме луѓето. Ако ги вклучите додека се млади тие ќе бидат активни граѓани до крајот на нивните животи. Активни граѓани се камен темелник на секоја демократија. Не мислам дека македонските студенти се многу поразлични од своите колеги насекаде во светот. Тие размислуваат за своите кариери, донесуваат големи одлуки за нивните животи и некогаш овие национални прашања, овие политички прашања, изгледаат малку далечни, за жал тие мислат дека нивниот глас не е значаен, но тоа не е вистина. Секој глас е важен.

Вие лично сте поддржувач Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ. Бидејќи сме на студентско радио и ТВ може ли да ми кажете како студентите ќе имаат бенефит од влезот во НАТО и ЕУ и што можат да загубат ако останеме надвор од ЕУ и НАТО?

Не би можело да се опишат бенефитите за студентите наспроти другите граѓани. НАТО е безбедносен сојуз,тоа е сојуз каде вашата безбедност станува дел од голема група. Мислам дека за Македонија,каде понекогаш постои чувство на несигурност,влезот во НАТО помага во адресирањето на многу прашања. Има луѓе кои се прашуваат дали државата ќе биде поделена, дали ќе остане безбедно и така натаму.Со НАТО сите соседи стануваат не само твои соседи, кои не можеш да ги бираш,тие стануваат и твои сојузници кои се заколнале дека ќе го чуваат твојот суверенитет и независност. Сметам дека влегувањето во НАТО има и економски ефект, а тоа е дека бизнисите бараат сигурност и стабилност кога сакаат да инвестираат. Tоа важи, како за локални, така и за странски инвеститори.Затоа мислам дека придонесува за подобра стабилност и можност за економски раст. Мора да знаеме дека ништо нема на чудесен начин да создаде вработување за секој човек.Меѓутоа придонесува за постабилна иднина во поголемо семејство на нации. Еден од нашите најголеми проблеми е иселувањето на младите.Само во овој град оваа година има 200 првооделенчиња помалку од очекуваното.Тоа е речиси една цела генерација. За четири години тоа е едно училиште помалку, а Штип имам само четири основни училишта.Мислите ли дека влезот во НАТО и ЕУ ќе го запре иселувањето или ќе придонесе за дури поголемо иселување од државата? Имаме вакви примери од Хрватска, Бугарија и Романија.Кога тие влегоа во НАТО и ЕУ се соочија со поголема миграција и уште повеќе луѓе ги напуштија тие земји.

Поставивте многу добро прашање и опфативте многу актуелни проблеми. Да, мислам дека одговора некои од прашањата поврзани со тоа. Но вистинскиот предизвик не е дали луѓето ќе продолжат да заминуваат во странство, дали некои ќе одат, дали некои нема да одат.Вистинското прашање е дали луѓето ќе се вратати дали ќе ја видат Македонија како земја на можности. Ова нема да се случи преку ноќ, но сепак мислам дека со постабилна состојба во државата, поголеми инвестиции, со текот на времето ќе почнете да гледате дека луѓето согледале повеќе можности овде отколку ако одат и работат во Германија на пример. Тоа е долгорочен процес, но важно е да запаметиме дека миграцијата и барањето на луѓето поголеми можности е нешто што се случува постојано. Ние во САД имаме градови кои ја загубија половина од својата популација, луѓето се преселија во Тексас, Калифорнија или на некое друго место. Ова е предизвик за секое општество, а ако се создаде чувство дека овде има можности луѓето ќе сакаат да бидат со своите семејства. Никој не сака да ја напушти својата родна земја. Со текот на времето можеме да гледаме се поголем број на луѓе кои се враќаат овде. Не можам да кажам дека тоа ќе се случи веднаш или пет години откако ќе се влезе во НАТО и ЕУ, но мислам дека влегувањето е чекор напред да се создаде тоа чувство дека овде има можности.

Што влезот во НАТО и ЕУ значи за универзитетите? Можат ли тие да имаат некаков бенефит од евентуалниот влез на Македонија во НАТОи ЕУ?

Може да се каже дека има нешто, но тоа не е некој огромен бенефит. Меѓутоа да речеме ако отидете на веб сајтот на НАТО ќе видите цел дел од НАТО кој е вклучен во прашања поврзани со научни истражувања, спонзорирање на проекти и спонзорирање на студии. Јас всушност не го знаев ова како Американец, но има цел сегмент од НАТО кој се занимава со тоа. Не можам да кажам дека има некое огромно влијание за високото образование, ова не е ЕРАЗМУС програмата од која веќе имате голем бенефит, но постои аспект од НАТО кој се занимава со тоа. Секако дека ќе има можности за македонските граѓани кои би можеле да бидат дел од НАТО тимот на вработениили дел од некои придружни организации.

Вие сте многу вклучен во политичкиот и социјалниот живот во Македонија. Колку е тешко да се биде амбасадор во Македонијаво споредба со некоја друга држава во Европа? Бидејќи вие се соочувате со многу говор на омраза во Македонија.Можеме да ги споменеме и последните настани во Крушево каде некои од дипломатскиот кор беа предмет на говор на омраза.

Знаете, никогаш не сакате луѓето да пишуваат ужасни работи за вас, но факт е дека понекогаш мора да имате дебела кожа. Јас не ги сфаќам овие работи премногу лично. Не можам да кажам дали е полесно, потешко или подобро овде или во некоја друга држава.Јас сум амбасадор во Македонија и она што можам да ви го кажаме дека уживам во времето поминато овде. Ова е предизвикувачка срединаи ова е многу значајна работа. Овде се почувствувам дека помагам на двете држави да се придвижат напред заедно до целта која и двете земји ја имаат. Мислам дека тоа е искуство кое ве исполнува. И луѓето од секаде во Македонија се неверојатно гостопримливи кон мене и кон моето семејство, многу сум благодарен на таа можност.

Некои луѓе во Македонија мислат дека вие ја имате моќта да донесувате политички одлуки дури некои политичари постојано го велат тоа. Има ли вистина во ова или е само мит?

Знаете, ако имав само стотинка од моќта која луѓето ми ја препишуваат

мислам дека светот ќе беше многу поразлично место, но очигледно не е така.

Мислам дека тоа повеќе ја покажува почитта која тие ја имаат кон САД и дека САД имаат глас овде кој луѓето го слушаати во некои случаи го веруваат. Јас не зборувам во мое име, јас зборувам во име на мојата држава и на владата во мојата држава.Сето тоа го прифаќам како комплимент затоа што тие го ценат нашето пријателство и гласот на Соединетите Американски Држави во Македонија. Но тврдењата дека сум „Волшебникот од ОЗ“ или „Чадорот“или било кое друго име е само плод на креативна фантазија. Јас зборувам во името на мојата влада и тоа е голема привилегија за мене.

Во нашето последно интервју пред две години рековте дека има пад на слободата на медиумите во Македонија.Што мислите сега, две години потоа?

Мислам дека се гледа повеќе отворен простор за медиумите. Мислам дека сепак има многу предизвици со кои се соочуваат медиумите овде. Некои од предизвиците се светски. Медиумите се трудат да најдат соодветен бизнис модел кој е одржлив.Исто така сметам дека има уште многу работа и вие правите добар дел од таа работа во подигањето на стандардите на новинарството овде. Може да се види дека понекогаш недостасува ниво на професионализам во медиумите, а понекогаш мислам дека треба да има повеќе истражувања коеќе одат над тоа што рекле луѓето. Потребно е да се проверат фактите.  Да се видат различни погледи на нештата, да се направи нешто посложено од тоа што рекол овој или оној. Генерално мислам дека има малку повеќе простор во медиумите, но некои од суштинските предизвици во бизнисот, како предизвикот со социјалните медиуми останува. Тоа се предизвици со кои се соочуваме во целиот свет.

Амбасадата на САД е значаен партнер на образованието и помага во процесот на дообразование или обука. Дали има некои важни можности кои им се нудат на студентите од страна на американската амбасада кои би сакале да ги истакнете?

Ќе истакнам две работи.  Ја имаме Фулбрајт програмата која има многу компоненти. Можат да студираат од еден семестар во САД до цела мастер или докторска програма. Она што би сакал да ги охрабрам студентитекои се заинтересирани да студираат во САД е да дојдат токму овде во американското катче. Имаме советници за образование кои би можеле да им помогнат на студентите кои бараат додипломски или постдипломски студии во САДи ќе ги водат во тој комплексен систем и многу често средствата за помош се различни, од приватни извори и од универзитетски извори.  Програмата Фулбрајт користи финансиски средства не само од американската влада туку придонес има и владата на Македонија. Тоа е заеднички труд и мислам дека е огромна можност за студентите. Има и други начини да се отиде во САД затоа би сакал да ги охрабрам луѓетода дојдат во американското катче во Штип, да зборуваат со советниците за образование и мислам дека луѓето ќе сфатат дека има повеќе можности отколку што тие мислат.