Штип, 24.10.2019
Изутринава околу 5,оо часот запалени се автомобилите на синот и таткото Никола и Мите Тушеви. Инцидентот се случил во населба „Сењак 3“ на улица „Борис Крајгер“.
Според нашите информации возилата биле опожарени така што пироманите прво ги скршиле стаклата од возилата а потоа во нив фрлиле молотови коктели.
Возилата на Никола и Мите не биле паркирани едно до друго туку на спротивни страни, поради што пироманите морале да употребат два молотови коктели.
Во инцидентот било опожарено и трето возило кое се наоѓало веднаш до возилото на Мите Тушев.
Штипската полиција сеуште е на лице место и го истражува инцидентот.
Никола Тушев е донеодамнешен претседател на Општинската организација на СДСМ, неговата сестра Маринела е поранешна пратеничка, а денес работи во кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, неговиот зет Маричиќ е дел од кабинетот на премиерот Заев, а Мите Тушев е дамнешен активист на СДСМ во Штип. Поради сето ова на инцидентот, барем засега, му се дава силна политикчка конотација.