Швајцарската амбасадорка во работна посета на Кочани

Кочани, 23.03.2018

Швајцарската амбасадорка Сибиле Сутер Тејада вчера престојуваше во Кочани, град во кој КЈП „Водовод“, на Светскиот ден на водите, одбележа половина век постоење. Амбасадорката го посети градилиштето на пречистителната станица за отпадни води во кочанското село Мојанци.

На средбата со тимот швајцарски и локални експерти и претставници на градежните компании што учествуваат во реализацијата на проектот, пред амбасадорката беа претставени досегашните градежни и тековните активности, како и придобивките од проектот.

Пречистителната станица ќе ги прочистува водите од сегашните девет испусти од Оризари до Подлог кои ќе бидат собрани во главен колектор, ќе биде опремена со најсовремена технологија, ќе биде на мала површина и со .минимални трошоци за експлоатација и одржување

Според Никола Вангелов, претставник на консултантската куќа  „Ернст Бастлер и партнер“, се очекува во иднина овој објект да добие регионален карактер со можноста за прибирање и прочистување на отпадните води и од Виница.

Пречистителната станица се гради во Мојанци, на најниската гравитациска точка на вливот на Масалница во Брегалница и ќе ги прочистува водите од сегашните девет испусти од Оризари до Подлог кои ќе бидат собрани во главен колектор. Ќе биде опремена со најсовремена технологија, со мала површина и минимални трошоци за експлоатација и одржување. Со Пречистителната станица ќе бидат третирани отпадните води од градот Кочани и од околните рамничарски села, со капацитет од 58 илјади еквивалент на жители.

Проектот е со вкупна вредност од 23 милиони швајцарски франци, од кои наjголемиот дел е донација на Швајцарската агенција за развој и соработка а изградбата на пречистителната станица треба да биде завршена до крајот на годинава.

b03На фотографиите: Амбасадорката Сибиле Сутер Тејада со градоначалникот Илијев и соработниците во разговор за пречистелната станица.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе