6.000 млади на форумот „Русија-земја на можности“

На 13-ти март во Москва започна со работа форумот “Русија, земја на можности” кој обединува 6.000 перспективни менаџери, претприемачи, млади професионалци, волонтери, ученици и студенти. На форумот, за првпат после Светскиот фестивал на млади и студенти кој се одржа во Сочи во октомври 2017, се собра тимот на иднината (Future Team).

Претседателот Путин сцената ја препушти на познатата руска пејачка Полина Гагарина
Претседателот Путин сцената ја препушти на познатата руска пејачка Полина Гагарина

На овој форум присуствуваат учесници од над 100 земји во светот и од сите региони на Руската Федерација. Во делегацијата на Македонија се вклучени тројца учесници, а Михаела Ѓорчева беше претставничка од Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола.

Првиот ден од „рсвфорум2018“ беше резервиран за екскурзии низ Москва, а беа посетени многу музеи, театри, изложби…Во програмата беше вклучена и посета на „Рускиот Холивуд“, најголемото руско филмско студио – Мосфилм, каде може да се видат филмски сетови (стара Москва и Санкт Петербург), како и да се разгледа колекцијата филмски реквизити користени во руските и советските познати филмови.

20-LargeФорумот „Русија – земја на можности“ беше официјално отворен на 14-ти март, кога на 31 локација во ВДНХ младите се собраа да дискутираат за менаџмент, лидерство, применување на современи технологии…Наредниот ден беше полн со изненадувања за сите учесници. На почетокот на програмата ненајавено, со свое предавање, се вклучи министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу.

Потоа, во големата хала од форумот пристигна и Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија. Лавров одржа предавање, но и одговараше на прашањата од многубројната публика. По одбројувањето на последните секунди до затворање на форумот „Русија – земја на можности“, на сцената се појави претседателот на Руската Федерација Владимир Путин изненадувајќи ги учесниците. Претседателот Путин беше пречекан на сцената со громогласен аплауз од страна на учесниците на „рсвфорум2018“. Погледнете го видеото од неговото обраќање: