MСУ и МВР со договор за соработка

Скопје, 07.02.2018

Делегација од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, составена од ректорот, проф. д-р Душан Николовски, деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р Александар Илиевски и доц. д-р Иван Ефремовски беше во посета на МВР, каде беше потпишан договор за соработка.

27625020_933807673463523_3965623070408333586_oДоговорот за соработка помеѓу МВР и Факултетот за правни науки при МСУ беше потпишан од Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р Александар Илиевски.