Пријавен обид за поткуп на ромски гласачи во Кавадарци

Пишува: Вера Кујумџиева
Пишува: Вера Кујумџиева

Кавадарци, 09 Декември 2016 

Граѓани на Кавадарци, попладнево, забележале како засега неидентификувани лица со куфер влегуваат во изборниот штаб на Демократска партија на ромите во градот. Тие тврдат дека така биле внесени пари во штабот каде започнал поткупот на избирачи. Очевидците потврдуваат дека внатре во штабот се случува масовен поткуп за што веднаш пријавиле во полициската станица во Кавадарци. Полицајците стигнале на пријавеното место. Во моментов тие го обезбедуваат објектот додека внатре се гледа присуство на повеќе лица кои се заклучени од внатрешната страна на изборниот штаб. Полицијата чека судски налог за да може да влезе во објектот. Тој се наоѓа во центарот на Кавадарци, позади зградата на општината и веднаш до изборниот штаб на Амди Бајрам. Неофицијално дознаваме дека полицијата обезбедила изјави од лица кои што примиле поткуп. Инцидентот е пријавен во ОБСЕ и ОДИХР. Околу изборниот штаб започнаа да се собираат револтирани граѓани на Кавадарци. Нивниот број постојано се зголемува. Дел од нив коментираат дека наводно денеска пари се делеле и во општинската зграда. Од општина Кавадарци ги отфрлаат обвинувањата и велат дека деструктивната политика на СДСМ ги создава овие измислици.