Toни Михаилов на чело на регионалниот новинарски центар „Исток“

DSC_3457Тони Михаилов, новинар во Универзитетското радио и ТВ во Штип е избран за в.д.координатор на регионалниот центар „Исток“ при Здружението на новинари на Македонија. Досегашниот координатор Иван Бојаџиски, по изборот за советник во Советот на Општина Штип, си поднесе оставка по што Михаилов од денес ја доби довербата да го води регионалниот центар до новите избори кои ќе бидат идната година.

На состанокот на новинарите во Штип присуствуваа и Насер Селмани, претседател на ЗНМ, Драган Секуловски, извршен директор во ЗНМ, Столе Наумов, Зоран Фидановски и Мишко Иванов, членови на УО на ЗНМ.DSC_3456

Селмани уште еднаш потенцира дека регионалниот центар „Исток“ бил најдобриот центар во рамките на ЗНМ.-„Тоа е резултат на силната посветеност на новинарите од овој источен регион на својата професија и на своето професионално здружение, на постојаните активности, на бројните иновации кои центарот ги имаше во минатото. Остануваме во наддеж дека и во иднина, со Михаилов како в,д,координатор, овој центар ќе остварува завидна и за новинарството квалитетна активност“, рече Селмани.DSC_3455

Доскорешниот координатор Иван Бојаџиски се заблагодари за петгодишната доверба да биде на чело на регионалниот центар, порачувајќи дека сите добри резултати се заедничко дело на близу 40 новинари и медиумски работници во регионот.-„Силно сум убеден дека колегата Михаилов ќе го продолжи успешниот тренд на нашиот актив, а се за доброто на новинарите, медиумите и професијата“, порача Бојаџиски.