Археолози од Штип „чистаат“ дел од трасата на експресниот пат кон Радовиш

Штип, 06.06.2018

Група од 16 стручни лица од Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип и уште 80 работници работат на потегот од 21 до 24 километар на  трасата на која ќе поминува новиот експресен пат Штип-Радовиш. Нивна задача е да го соберат сиот археолошки материјал од четири утврдени археолошки локалитети на овој потег.

„Работите ги започнавме на 15 мај, а имаме обврска истите да ги завршиме до крајот на месец август, оваа година. Така е тоа според договорот кој го имаме потпишано со ЈП за државни патишта. Гарантираме дека работата ќе биде завршена на време и квалитетно со што овој терен ќе го „ослободиме“ за градителите да можат да си ја вршат работата“, вели Мите Штерјов, директор на штипскиот музеј.

По завршување на заштитините археолошки истражувања присобраниот археолошки материјал ќе биде складиран во депоата на музејот во Штип за натамошна обработка.