Бочварски ги освои штипските пензионерите

Штип, 10.10.2017

  • Ќе обезбедиме јавен превоз од центарот на градот до сите подалечни населби и села. Нема да имаме потреба од купување автобуси, тоа ќе го договориме со нашите превозници. Штип е студентски град, во него живеат и околу 9.500 пензионери, на пензионерите и на студентите јавниот превоз најмногу им е потребен, посочи Бочварски.

Благој Бочварски, кандидат за градоначалник на Штип од коалциијата предводена од СДСМ ,денес имаше средба со штипските пензионери. Средбата се одржа во преполнетата голема сала на Домот на пензионерите, а крајниот резултат е тоа што Бочварски, со искрениот  говор, со начинот на кој говореше и со вродениот шарм ги освои луѓето од теретото доба.

-Тука сум за да ви ја изложам мојата и програмата на СДСМ и коалицијата за Штип. Тука сум за од вас да ги слушнам вашите идеи за тоа како да го подобриме животот на пензионерите во градот и општината но и на сите други наши граѓани., им се обрати Бочварски на пензионерите.

DSC_3378Тој рече дека Програмата на СДСМ и коалицијата предвидува повеќе посебни мерки кои квалитетно ќе влијаат го подобрат животот на пензионерите.

-Ќе обезбедиме јавен превоз од центарот на градот до сите подалечни населби и села. Нема да имаме потреба од купување автобуси, тоа ќе го договориме со нашите превозници. Штип е студентски град, во него живеат и околу 9.500 пензионери, на пензионерите и на студентите јавниот превоз најмногу им е потребен, посочи Бочварски.

Тој ги запозна пензионерите и со повеќето мерки на Владата, но и со мерки кои ќе ги превземе општината за заштеда на парите, од што корист треба да има секое семејство.

-Ќе го гасифицираме Штип. Главниот цевковод е во близина на градот, а досегашната власта ништо не направи најефтиниот енергенс да го имаме во нашите домови. Ќе донесеме гас во институциите, фабриките, детските градинки, објектите од областа на културата, домакинставата…Ќе изградиме 20 километри гасоводна мрежа низ градот. Со тоа ќе обезбедиме заштеди во енергијата за секое семејство кое се грее на струја од 40-50 проценти, а за оние кои се греат на дрва од 30-40 проценти. Со оваа мерка ќе остануваат повеќе пари кај нашите граѓани, во нивните семејства. Ќе се подобри стандардот кај секое наше семејство, информираше Бочварски.

За споменикот на Александар Македонски бившата власт потроши десет милиони евра! За дворното уредување на Министерството за  надворешни работи дури 6,7 милиони евра! А за брана на Отиња државата немала пари, иако таа чини 3,5 милиони евра!

Благој Бочварски им вети на пензионерите дека ќе најдат законско решение да се продолжи градбата на Домот на пензионери каде работите по налог на инспекција се прекинати во 2015 година.

-Со министерката во Министерството за труд и социјална политика Мила Царовска ќе обезбедиме еден милион евра Домот за стари лица да се доврши, да можат оние кои сакаат да се сместат во него и на еден квалитетен начин да си го продолжат живото. Ние ќе го доизградиме овој дом со почитување на законите, а не како што се правеше досега, посочи Бочварски.

Бочварски доби повеќеминутен аплауз кога го кажа следново:

DSC_3376-За споменикот на Александар Македонски бившата власт потроши десет милиони евра! За дворното уредување на Министерството за  надворешни работи дури 6,7 милиони евра! А за брана на Отиња државата немала пари, иако таа чини 3,5 милиони евра. Ние ќе ја изградиме браната со парите од нашиот самопридонес и со поддршка од државата. И браната на Отиња ќе биде  наша гордост и ќе им служи на граѓаните, рече Боварски кој од претседателот на Здружението на пензионери доби на дар монографија по повод 70 години од постоењето на пезнионерската организација во Штип..