Бочварски на средба со жителите на Плуждино

Штип, 30.04.2019

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски, на своја иницијатива, денес оствари средба со жителите од викенд населбата Плуждино во која, според некои проценки, има помеѓу 250 и 300 куќи.

„Дојдов воден од непходноста како градоначалник изворно да слушнам за проблемите со кои се соочувате. Пред се со патната инфраструктура и водоснабдувањето“, рече Бочварски.

Присутните се пожалија на лошите патишта од кои дел, при поголеми поројни дождови се тешко проодни и , посебно, на недостигот од вода.

B01_447x600-Плуждино е голема населба, многу луѓе со години и децении живеат овде, а покрај лошите патишта има и недостиг од вода. Секој сам си буши бунари, досега за нив луѓето потрошија на половина милион евра,пари со кои можеше реката Брегалница да се донесе на овој терен. Бараме од Вас како градоначалник да превземети мерки овој проблем ургентно да се реши, порачаа присутните.

Бочварски информира дека општината работи на донесување детален урбанистички план како услов за се друго. Порача дека се чекаат пари од Владата за реализација на проектот „Линија 2“ што ќе значи изградба на големи резервоари од по 1.500 кубни метри вода на Пребег и на Мерите со што квалитетна вода ќе добијат комплексот околу бањата Кежовица, населбата Плуждино, Три Чешми и дел од новата индустриска зона.

„Се работи за проект кој тежи 1,5 милион евра, кој со години ако не со децении е во агендата на многу локални власти, а ние сега имаме ветување од премиерот Заев дека на Штип ќе му биде помогнато за овој проект како и за браната на Отиња која очекуваме да почнеме да ја градиме уште оваа есен“, информира Бочварски.

B03_800x600Во однос на патиштата тој како привремено решение вети дека општината ургентно ќе пристапи кон нивно уредување со асфалтот кој се гребе од старите патишта за на нив да се стави нов слој, а дел ќе бидат макадамски уредени.

Присутните се заблагодарија за посетата и разговорот останувајќи во убедување дека градоначалникот Бочварски ќе си го одржи зборот и дека со активностите во Плуждино ќе се отпочне веднаш по овонеделните избори кога се очекува изборите да завршат со избор на нов претседател на нашата држава.