БУЧИМ донира 150 скафандери за Клиничка болница Штип

Радовиш, 0904.2020

Рудникот за бакар Бучим кај Радовиш на штипската Клиничка болница која е од регионален карактер денес и донира 150 скафандери.

-Информирани сме за тоа со каква пожртвуваност и со каков успех персоналот на Клиничка болница Штип успешно се справува со коронавирусот, а ова е само наша мала помош и поддршка на се добро кое за нашето здравје, и во услови на пандемија, а и порано, го работат и го работеле луѓето во болницата во Штип, ни изјави Николајчо Николов, заменик генерален директо во Бучим.

Штипската клчиничка болчница се грижи за доброто здравје на околу 280.000 граѓани во Источниот и Југоисточниот регион, а во ова време на опасниот коронавирус вработените во болницата и нејзиното раководство покажаа огромна пожртвуваност, знаење и посветеност.

                                                                                                                        (и.б.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе