ВЕРА КАРАЃОЗОВА: КРИМИНАЛЕЦОТ ЗАХАРИЕВ МИ ГО УНИШТИ ЖИВОТОТ!

Штип, 13.10.2017

Илчо Захариев, кој од штипјани бара нов мандат за градоначалник ми го уништи животот. Тој е криминалец кој на сметка на здравјето на луѓето и на сметка на штипската болница и Фондот за здравство украде милиони германски марки во средината на деведесеттите години од минатито век. На таков тип, на човек во кого нема ништо човечно и на кого само криминалот му е цел, Штип и штипајни не смеат да го дадат својот глас.

Ова го вели Вера Караѓозова, инвалидска пензионерка, која претрпела тортури од Илчо Захариев, но не сакала да се предаде пред неговатра незаситна глад за пари стекнати на криминален начин.

-Јас сум медицинска сестра која во 1989 година бев распоредена на работа во аптеките „Реплек“ кои беа во состав на нашата болница. Во 1993 година отидов на операција, наредната година се вратив на работа и видов дека Захариев, кој беше началник на аптеките при болницата, прави криминалии со лековите. Но, јас морав да имам цврсти докази за да го дадам пред раководството на болницата и пред полицијата. Една година собирав докази, меѓу нив и ливчиња од дневниот пазар од кои можеше да се види криминалот. Имено, ако дневниот пазар беше да речеме 10.000 денари, тој имаше ливчиња дека направил пазар за само илјадарка. Другите пари си ги ставеше во џеб и за нив си купуваше германски марки, вели Вера.

Таа тврди дека во тоа време сирупот амосиклав бил на позитивната листа, а Захариев него го продавал по 1.000 денари. Според Караѓозова тој на пациентите им давал сметкопотврди парите да си ги повратат од Фондот за здравство но парите од амосиклавот не оделе во касата на аптеката зашто лекот не се евидентирал туку парите земени од него завршувале во џебот на Илчо. Подрумот на аптеката бил преполн со мали, пластични шишиња за течни лекови кои Захариев на пациентите им ги продавал по 8 денари, а во другите аптеки се наплатувале за помалку од еден денар!

-Тој најмногу профитира од продажба на лекови со одамна изминат рок на траење кои се попишуваа и требаше да се фрлат на депонија. Така, лекот метил преднизон на кој рокот за употреба му беше истечен цели две години тој го продаваше, а лекот беше од хуманитарна помош. Продаваше лекови и со десет години измина рок на употреба. Затоа кога го откривме и кога во случајот се замеша и полицијата моравме да фрлиме повеќе трактори лекови со изминат рок на траење. Некои велат три, а јас велам дури седум, појаснува Караѓозова.

Таа не можела повеќе да го поднесува криминалното работење на Захариев па на 22 септември 1995 година повикува луѓе од правната служба на болницата кои направиле попис и нашле вишок во посебната каса од близу 10.000 германски марки. Во аптеката бил пронајден и голем вишок на лекови, меѓу нив и наркотици…Кога видел дека е откриен Захариев се преправил дека го фатило срце, па во ќебе го ставиле и го однеле во болница. Вера вели дека било БЕДНО да се гледа како овој криминален лик се обидува да се спаси.

-Беше разрешен од функцијата, му беше покрената кривична пријава, но тој и тогаш во судот си имаше врски па не го затворија. А, јас и денес тврдам дека човекот се играше со здравјето на луѓето продавајќи им лекови со одамна изминат рок на траење кои немаа позитивно дејство врз нивното здравје. Се работеше за шлепери полни со лекови кои во тоа време доаѓаа што редовно но во добар дел и како хуманитарна помош од разни донатори, посочува Караѓозова.

Таа на работа одела до 1998 година кога Илчо Захариев и праќал закани за убиство. Здравјето сериозно и се нарушило па и дале инвалидска пензија. Сега Вера Караѓозова го живее пензионерскиот живот во штипско Ново Село, но вели дека еден убав ден правдата ќе си дојде по своето, и дека Илчо Захариев ќе заврши таму каде што му е местото за што таа е подготвена да сведочи за сите негови криминалии..

-Ми се поремети здравјето, Захариев ме уништи, зедов инвалидска пензија, а тој со такво криминално досие стана градоначалник на мојот Штип.  И сега барав нов мандат….Ако во Штип живеат луди луѓе – нека му го дадат, иако јас сум сигурна дека тој ќе заврши зад решетки, ни рече на крајот од разговорот Вера Караѓозова.