Во Брисел започна билатералниот скриниг за „Внатрешен пазар“

Во Брисел денеска започнува билатералниот скрининг за вториот Кластер, „Внатрешен пазар“, со скрининг состанок за Поглавјето 3, „Право на основање и слобода на давање услуги“, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Оттаму додаваат дека делегацијата ја предводи заменичката на главниот преговарач на Р. С. Македонија со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, а присутни се и координаторот на кластерот 2, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и Крешник Бектеши, министер за економија, како прв човек на институцијата која е носител на Поглавјето 3.

„На скрининг состанокот ќе бидат презентирани теми поврзани со борбата против корупцијата во вршењето на услугите и информативниот систем на внатрешниот пазар и а заклучоците и препораките што ќе произлезат од истиот ќе ги одредат нашите државни политики како и следните реформски чекори во пристапниот процес“, соопштуваат оттаму.

Во СЕП потенцираат дека поради важноста на областите кои се дел од Поглавјето 3, „Правото на основање и слобода на давање услуги“, земјата активно учествува во  Регионалната економска зона.