Во сабота во Лесновскиот манастир чествување на Св.Гаврил Велички

Лесновски манастир

Штип, 11.01.2018

 Св. Гаврил Велички, Светогорец
Св. Гаврил Велички, Светогорец

Во сабота во 12 часот во Лесновскиот манастир ќе се одржи чествување на Св. Гаврил Велички (Светогорец). Ќе биде посетен неговиот гроб во дворот на манастирот во Лесново.

Чествувањето го организираат Универзитетот ЕФТА од Скопје и Меѓународниот Славјански универзитет Гаврило Романович Державин Свети Николе – Битола. Во делагацијата ќе бидат Јордан Плевнеш, Лилјана Плевнеш, Јордан Ѓорчев, Душан Николовски, Христо Петрески, Иван Бојаџиски, Трајче Кацаров и други. Беседа за Св. Гаврил Велички ќе одржи ректорот на ЕФТА, редовниот професор Јордан Плевнеш.