Делегација на МСУ “Г.Р.Державин“ во посета на универзитетот во Велико Трниово
Свети Николе, 02.10.2017
Делегација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во моментов е во посета на партнерскиот универзитет од Велико Трново. Посетата е во рамките на свеченостите по повод почетокот на новата академска година.
![На свеченоста во Велико трново, пред студентите , професорите и гостите говореше Јордан Ѓорчев](https://istokpress.mk/wp-content/uploads/2017/10/gorcev.jpg)
Делегацијата беше примена од ректорот, проф. д-р Христо Бонджолов. Отворањето на 55-тата учебна година на Великотрновскиот универзитет започна со обраќање на ректорот, проф. д-р Христо Бонджолов пред новите 2666 студенти.
![Проф.д-р Христо Бонджолов, ректор на Универзитетот во Велико Трново и проф.д-р Јордан Ѓорчев, претседател на УО на МСУ Свети Николе-Битола](https://istokpress.mk/wp-content/uploads/2017/10/GORCEV-I-REKTOR-NA-VELIKO-TRNOVO.jpg)
Во рамки на свеченоста, помеѓу другите гости и професори на студентите се обрати и претседателот на Управен Одбор на МСУ проф. д-р Јордан Ѓорчев кој на бруцошите им го честита почетокот на новата академската година. На свеченоста присуствуваше и делегација од Тверскиот државен универзитет од Твер, Русија.
(м.г)