ДЕЛЧЕВО: Одбрани најдобрите делчевски матуранти, сите десет од женски пол, Милена Начевска првенец на гнерацијата

Делчево, 20.05.2021

Комисијата од СОУ „М.М.Брцо“ ги одбра десетте најдобри матуранти од делчевскиот средношколски центар. На листата десет најдобри матуранти од 90 матуранти кои годинава го завршија средното образование во СОУ „М.М.Брицо“, нема ниту едно машко!

Првенец на генерацијата е Милена Начевска а по не аследуваат: Бојана Трајковска, Фросина Мулачка,  Елеонора Трајанова, Сара Станоевска,  Марта Тасева, Моника Гоцевска, Марија Дончевска, Ѓеоргина Витанова и Анисија Ковачка

Поради актуелната пандемија и за оваа генерација матуранти е откажана матурската прослава, како и наградното патувањето низ Европа, награда која традиционално ја доделува Општина Делчево на 10-те најдобри матуранти во СОУ „М.М.Брицо“.

Наместо традиционалната и планирана екскурзија низ Европа,најдобрите матуранти ќе добијат парични награди од Буџетот на Општина Делчево за поддршка на млади таленти. Одлуката на предлог на градоначалникот Горан Трајковски и оваа година треба да ја усвои Советот на Општина Делчево, по што најдобрите матуранти од СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево ќе добијат парична награда во износ од 20.000 денари. Ученикот на генерацијата добива и стипендија во износ од 3000 денари во текот на 9 месеци.

Генерацијата 2017-2021 г во СОУ „М.М.Брицо“ е 60-та генерација од отворањето на делчевската гимназија.